Специјалци ги чуваат српските фудбалери, Тирана е под полициска опсада (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Србија попладнево пристигна во Тирана пред утрешниот натпревар против Албанија под досега невидени безбедносни мерки, откако албанските власти презедоа засилени мерки на безбедност, а српските фудбалери беа дочекани од специјалци вооружени со автоматско оружје.

Српската репрезентација по слетувањето веднаш беше ставена под заштита на специјалните единици, а албанската полиција и жандармерија ги затворија деловите од градот низ кои се движеше српската експедиција, со цел да се обезбеди нивното безбедно пристигнување до хотелот. Сите активности се одвиваат под строга контрола на безбедносните служби, од моментот на пристигнување до сместувањето на фудбалерите.

Пристапот до локациите каде што се наоѓа репрезентацијата на Србија е строго ограничен. Пред хотелот се поставени полициски бариери и контролни пунктови. Поради високиот безбедносен ризик, натпреварот ќе се одигра без гостински публика, а албанската полиција ќе го обезбедува секој пристап до „Арена Комбетаре“ во Тирана.

ФОТО: FSS