
Алкараз вторпат по ред ќе игра во финале на Ролан Гарос – ривалот му се предаде!
Првите два сета воопшто не навестуваа ваков епилог, особено што Италијанецот го доби првиот со 6-4 во гемови. Алкараз по голема борба дојде до вториот сет и тоа по тај-брејк, за потоа неочекувано лесно и тоа со неверојатни 6-0 го доби и третиот за водство со 2-1. Тоа беше показател дека Мусети има здравствени проблеми, што се потврди откако реши да се повлече и да не го доигра дуелот.
Шпанецот во големото финале во Париз, каде што ќе се најде втора година по ред и каде што го брани трофејот, ќе се сретне со подобриот од втората полуфинална пресметка помеѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.
ФОТО: EPA PHOTO