
И трет голем македонски талент потпиша професионален договор со Ц. Звезда!
Масев потпиша нов договор во присуство на претседателот на клубот, Светозар Мијаиловиќ и директорот на младинската академија, Никола Јелиќ.
Црвена Звезда претходно потпиша професионални договори со уште двајца македонски таленти, а тоа се 18-годишниот Матеј Гаштаров и 15-годишниот Лука Трпески.
„Црвено-белите“ очигледно имаат доверба во младите македонски фудбалери, а тоа го покажаа со потпишувањето на договори со талентираните играчи.
Фото: Facebook/Moj omiljeni klub FK Crvena Zvezda