Вардар ги собра и наградите: Јагуриновски МВП, Еспиња најдобар голман

Ракометарите на Вардар го победија Пелистер во финалето со 31-27 со што го освоија својот 17-ти трофеј во Купот на Македонија, а еден од најзаслужните беше Томислав Јагуриновски.

Јагуриновски напреварот го заврши со шест постигнати погодоци, а по натпреварот беше прогласен и за МВП на турнирот каде што Вардар го победи и Алкалоид во полуфиналето по изведувањето на пенали.

Задоволен од својот настап беше и самиот Јагуриновски кој го истакна како најдобар во неговата кариера.

„Ова беше мој меч на кариерата во Вардар. Секогаш сакам да играм најдобро што знам. Пред се, сакам да ѝ честитам на екипата на Пелистер. Ние бевме мотивирани, дадовме се од себе, изгинавме на терен и во тој момент го добивме финалето. Немаме многу време за славење, ни следат уште два меча, па се надевам дека ќе славиме заедно по последниот меч во лигата“, рече Јагуриновски.

За најдобар голман очекувано беше избран чуварот на мрежата на Вардар, Еспиња.