
Пелистер е најголем лузер во Купот - петта година по ред губи во финале
Вака, останува третопласиран на вечната листа, со само пет триумфи во ова натпреварување, последниот во 2005 година. Денешното финале беше 16. за битолскиот тим и во него го претрпеа 11. пораз. Она што е куриозитет, Пелистер стигнуваше до финалето од Купот во последните пет изданија од натпреварувањето и пет пати загуби што е најдолга лузерска серија во историјата.
Од 11. порази во финални натпревари во Купот, дури осум се од Вардар кого Пелистер во меч за трофејот го има победено само еднаш, во 1999 година. Што се однесува до најдолгите губитнички серии во финалните дуели, три пати во низа е совладан Металург, од 2014 до 2016 година, како и Пелистер од 2002 до 2004.