
Тинејџерот Дуе во последен момент доби место во тимот и го реши финалето во Минхен (ВИДЕО)
Стрелец на третиот гол беше Десире Дуе, кој и претходно ја затресе мрежата по Ашраф Хакими. Тој одлично искористи брз контранапад и умешно ја затресе мрежата на Зомер. Интересно е што станува збор за тинејџер со само 19 години, кој во последен момент доби место во стартниот тим на ПСЖ за дуелот во Минхен, добивајќи предност пред Баркола.
Набрзо потоа гол постигна и Каварцхелија, комплетирајќи ја одличната игра.