
Двегодишна суспензија за Србинот кој на МЗТ му ја „украде“ титулата во АБА2!
Одлуката е донесена од страна на Дисциплинскиот суд на ФИБА, а вклучува и парична казна од 3.000 швајцарски франци. Според соопштението, Кутлешиќ е прогласен за виновен за повеќе прекршувања, вклучително и манипулација со резултати, обложување, неизвестување за информации поврзани со повреда на интегритетот на натпреварот, попречување на официјална истрага и непочитување на етичките принципи на фер-плеј.
Кутлешиќ беше дел од младинската репрезентација на Србија која освои сребро на Светското првенство за играчи до 19 години во 2013 година. Во својата клупска кариера настапуваше за тимови како Слобода, Металац, ФМП, Вршац, Борац Чачак, Динамик, Стеауа, Златибор и Зиелена Гора. Македонската кошаркарска јавност го знае како играчот кој на МЗТ Скопје му ја „украде“ титулата во АБА2 лигата, откако со 33 поени беше најдобар во триумфот на Златибор во финалето на завршниот турнир одржан во Скопје пред три години. Аеродромци и покрај овој пораз се пласираа во најдобрата регионална лига.