
Мициќ пред враќање во Европа: Може да биде голем ривал и со Шортс!
Според информациите на „Спортандо“, кои се повикуваат на израелски „Спортс Рабај“, грчки Олимпијакос сериозно се вклучил во трката за српскиот плејмејкер и е многу блиску до договор.
На овој начин, Олимпијакос се обидува да одговори на потегот на големиот ривал Панатинаикос, кој e блиску до договор со македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.
Мициќ во моментов се наоѓа во Абу Даби, каде што ги следи завршните натпревари од Евролигата, а многумина веруваат дека неговото присуство таму не е случајно. туку токму со цел да ги финализира преговорите за следната сезона, меѓутоа претходно како опција се споменуваше и Дубаи.
Ако дојде до реализација, тоа ќе биде вистински „бомбастичен“ трансфер кој би ја засилил борбата за тронот во грчката и европската кошарка.
Фото: Charlotte Hornets/X