
Ѓоковиќ: Не знам што се случи во третиот сет, можеби Хуркач ми попушти
Хуркач го доби првиот сет, но потоа Ѓоковиќ во меч кој донесе голема борба успеа да направи пресврт за победа.
„Морав многу да работам за да дојдам до вакво нешто. Хуберт беше блиску до победата, имав и јас свои шанси во првиот сет, но потоа направив двојна грешка на сет топка и мечот можеше да оди во двете страни. Цело време се обидував само да останам присутен. Не знам како дојдов до брејк во третиот сет, можеби и ми го подари, но тоа се случува на вакво ниво. Неколку поени го одлучуваат победникот. Атмосферата беше прекрасна, мило ми е што стигнав до таа „стотка““, изјави Ѓоковиќ.
Следен предизвик за Ѓоковиќ е настапот на еден од најголемите светски турнири, Ролан Гарос.
Фото: EPA PHOTO