
Волците од Минесота беа брутални кон Оклахома - победа од 42 разлика! (ВИДЕО)
Едвардс и соиграчите буквално ја уништија Оклахома, а дека на гостите им се подготвува тежок пораз беше најавено уште во првата четвртина која Минесота ја доби со дури 20 поени разлика, 34-14.
Во вториот период домаќините продолжија да го мелат противникот и на одморот се замина со фантастични 72-41. Во вториот дел Минесота ја зголемуваше предноста до конечни 143-101.
Едвардс со 30 поени беше најефикасен во составот на Минесота, Рендл даде 24. Најефиксни кај Оклахома беа Гилџес Александер и Мичел со по 14 поени.
Наредниот натпревар од серијата повторно е во Минеанаполис.