Мициќ пред враќање во Европа: Може да биде голем ривал и со Шортс!

Иако до неодамна изгледаше дека Василије Мициќ по враќањето во Европа ќе го облече дресот на Хапоел, ситуацијата на трансфер пазарот изгледа се менува

Според информациите на „Спортандо“, кои се повикуваат на израелски „Спортс Рабај“, грчки Олимпијакос сериозно се вклучил во трката за српскиот плејмејкер и е многу блиску до договор.

На овој начин, Олимпијакос се обидува да одговори на потегот на големиот ривал Панатинаикос, кој e блиску до договор со македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.

Мициќ во моментов се наоѓа во Абу Даби, каде што ги следи завршните натпревари од Евролигата, а многумина веруваат дека неговото присуство таму не е случајно. туку токму со цел да ги финализира преговорите за следната сезона, меѓутоа претходно како опција се споменуваше и Дубаи.

Ако дојде до реализација, тоа ќе биде вистински „бомбастичен“ трансфер кој би ја засилил борбата за тронот во грчката и европската кошарка.

Фото: Charlotte Hornets/X