
Реал Мадрид потврди: Алонсо се врати на местото на успехот
Легендата на шпанскиот гигант и на светскиот фудбал, така во новата ера се враќа на „Сантијаго Бернабеу“, но овојпат како главен тренер. Алонсо дресот на Реал Мадрид го носеше од 2009 до 2014 година, со одиграни 236 официјални натпревари, а успеа да освои и шест титули, меѓу кои и славната десетта титула во Лигата на шампионите (Ла Десима) во Лисабон, една Суперкуп титула на Европа, една Ла Лига, две Копа дел Реј трофеи и една Суперкупа на Шпанија.
Како тренер, Чаби ја започна кариерата токму во младинските категории на Реал Мадрид, каде што во сезоната 2018/19 , а подоцна ја презема клупата на Леверкузен каде што успеа да ја освои Бундеслигата, Купот на германија и Суперкупот.
Прес-конференцијата на која Реал Мадрид ќе го претстави Алонсо ќе се одржи утре во 12:30 часот во клуипскиот тренинг-центар.
Фото: Real Madrid C,F/X