
Манчестер Јунајтед го избрка, а тој стана фудбалер на сезоната во Серија А (ФОТО)
Шкотскиот интернационалец блесна во одлучувачкиот натпревар против Каљари, постигнувајќи спектакуларен гол во победата од 2-0, со што Наполи ја завери титулата. Во текот на сезоната, офанзивниот играч за врска постигна 12 голови и запиша 6 асистенции во 34 лигашки настапи. Тој пристигна во Наполи минатото лето, по трансфер вреден 30,5 милиони евра од Манчестер Јунајтед, од каде што буквално беше избркан со оглед што беше ставен на трансфер листа.
Тренерот на наполитанците, Антонио Конте, пак, беше именуван за најдобар тренер во Серија А. За него ова е петта титула во италијанското првенство, по трите со Јувентус и една со Интер.
ФОТО: EPA PHOTO