
Младинците на Брера го кренаа трофејот од Купот на Македонија!
Финалниот дуел од младинскиот куп се одигра денеска на теренот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија.
Струмичките фудбалери се покажаа во многу подобро светло, славеа убедлива победа над штипјани и заслужено го кренаа трофејот.
Два гола за Брера даде Бобан Кузмановски, а погодија и Давид Ристовски и Дарко Митев.
Ова е втор куп трофеј на Брера во младинските категории, пехар кренаа и пионерите откако вчера го совладаа Пелистер.