Навивачи на Барселона го нападнаа Фиго, а тој им го покажа - меѓуножјето (ФОТО)

Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго во кариерата играше за Барселона, но потоа направи „предавство“ и потпиша за Реал Мадрид, а потегот нема никогаш да му го заборават навивачите на каталонскиот гигант.

Фанови на Барселона го сретнале Фиго пред ресторан во Лисабон и го нарекле предавник, а тој решил да им одговори на вулгарен начин, односно им го покажал меѓуножјето.

Фиго во кариерата, освен за Барселона и Реал Мадрид, играше и за Спортинг Лисабон и Интер.