Падна договор, Баерн Минхен доби врвен дефанзивец за беспари!

Откако се врати на тронот во германскиот фудбал, Баерн Минхен почна да го засилува тимот за наредната сезона.

Нов дефанзивец на Баерн Минхен ќе биде германскиот репрезентативец Џонатан Та кој на Алијанц арената доаѓа како слободен играч.

Денес е постигнат договор меѓу Баерн и дефанзивецот чиј договор со Леверкузен истекува на 30. јуни.

Баер Леверкузен е информиран дека Та постигнал договор со Баерн Минхен и од наредната сезона ќе настапува за Баварците.

Леверкузен сега чека да биде исконтактиран од Баерн за да го земат Та порано со цел тој да игра и на Светското клупско првенство.

Ако Баерн сака да го има Та за ова натпреварување изгледа дека ќе треба да му плати одредено обештетување на Леверкузен.