Пелистер убедлив против Бутел, гостите од Скопје парираа само во првото полувреме

Пелистер ги прокнижи планираните бодови против Бутел откако во Битола на свој терен славеше со убедливи 35-26.

Гостите од Бутел имаа одлично отворање на мечот, тргнаа со водство од 3-0 на стартот, но како одминуваше натпреварот ракометарите на Пелистер покажуваа дека се многу поквалитетен противник и нема да имаат проблеми да го добијат овој дуел. Беше 11-11 кога битолчани направија серија од 4-0, на одморот заминаа со водство од 15-12.

Во вториот дел Пелистер покажа многу подобра игра, лесно дојде до убедлива предност и на крајот славеше со девет голови разлика, конечниот резултат беше 35-26.

Најефикасен во составот на Пелистер беше Филип Кузмановски со десет голови, исто толку на спротивната страна постигна Филип Николов.