
Нова причина за славје во Каталонија: Барселона го награди Флик
Со новиот договор, германскиот стратег ќе остане во Каталонија уште најмалку две сезони.
Флик имаше одлична деби сезона на клупата на Барселона и ги освои сите три домашни трофеи: Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија. Во Лигата на шампионите го предводеше тимот до полуфиналето каде што Интер беше подобар, но и покрај тоа тој ги надмина очекувањата и на навивачите, па новиот договор и не е изненадување.
Освен што бележи одлични резултати посебно е импресивно што тоа го прави со состав кој е прилично млад. Ламин Јамал најмногу се истакнува, но тука се: Кубари, Пау Виктор, Касадо, Педри, Гави...
Според најавите следни кои треба да ја продолжат соработката се: Рафиња, Иниго Мартинез и Френки Де Јонг.
Фото: FC Barcelona/FB