Крај на една ера: Де Брујне го одигра последниот меч на „Итихад“ (ВИДЕО)

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне го одигра последниот меч на „Итихад“ во дресот на Манчестер сити, откако настапи против Борнмут во 37. коло од Премиер лигата.

Де Брујне на крајот на сезоната ги напушта „граѓаните“ по долги години поминати во премиерлигашот на кој му донесе многу успеси и титули.

Навивачите го поздравија Де Брујне со транспаренти на трибините, но и громогласен аплауз при неговата замена во финишот од средбата.

Искусниот фудбалер играше за поранешниот англиски шампион од 2015 година, откако претходно го носеше дресот на Волфсбург, Вердер, Челси и Генк.