Кога сѐ беше решено: Се степаа кошаркарите на Работнички и ТФТ – двајца исклучени (ВИДЕО)
Сѐ почна од дуелот меѓу Амар Хот и Тома Стојановски, кој прерасна во размена на лактови и туркање, што, пак, беше знак за останатите да се вмешаат. Дел од играчите на ТФТ влетаа од клупата, поради што исклучувачка грешка добија Американците Хотон и Говенс.
Ова, всушност, е само отстранување од клупа на оваа средба без потоа да се изрече дополнителна казна. Страстите брзо се смирија, а средбата продолжи со слободни фрлања за Работнички.