Како Галевски ја спушти ролетната: Сите пет одбранети пенали против АЕК (ВИДЕО)

Ракометарите на Алкалоид денеска славеа голема победа во Атина против АЕК во финалето од ЕХФ Европскиот куп со 25-29, а еден од најзаслужните во трој триумф беше голманот Иван Галевски.

Галевски натпреварот го заврши со девет одбрани, но дури пет беа од ударите од седум метри. Посебно импресивно е што тоа беше „пет од пет“, домашните ракометари не успеаа да го совладаат во ниту еден обид од линијата за седум метри и тоа сигурно за нив беше фрустрирачки.

Реваншот помеѓу Алкалоид и АЕК се игра за седум дена во „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот.