
Се вжештува борбата за Златната копачка, во конкуренција - Мбапе, Салах и Ѓекереш
Во конкуренција за ова признание се тројца фудбалери, убедливо најефикасен е играчот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш кој досега постигна 39 гола, но поради тоа што португалското првенство не е во топ-5, головите таму имаат коефициент 1,5. Како последица на тоа, Швеѓанецот досега има 58,5 бода, а зад него се Килијан Мбапе и Мохамед Салах.
За Ѓекереш сезоната заврши во саботата, Мбапе има 29 гола и 58 бода, а Салах е трет со 28 гола и 56 бода. За Французинот има уште еден меч, против Сосиедад на домашен терен претстојниот викенд, додека напаѓачот на Ливерпул утре излегува против Брајтон, а в недела, кога веќе ќе се знае што направил Мбапе, го очекува меч со Кристал Палас.
Ниеден од нив тројца досега не ја освоил Златната копачка во кариерата што значи дека ќе биде голем предизвик за сите во последната недела од националните првенства.