Продолжува кризата на Меси и компанија - нов дебакл на Интер Мајами (ВИДЕО)

Екипата на Интер Мајами доживеа уште еден убедлив пораз во МЛС откако ноќеска на домашен терен загуби од Орландо во дербито на Флорида со 0-3.

Луис Муриел го отвори резултатот во 43. минута, Марко Пашалиќ зголеми во 53., а конечните 3-0 за гостинскиот тим ги постави Дагур Торхалсон во судиското продолжение од второто полувреме. Статистички, Интер Мајами беше нешто подобар, ја контролираше играта, имаше 21 шут, но ниеднаш топката не заврши во мрежата.

Во последните пет кола Интер Мајами има само една победа, како последица на што падна на шестата позиција во Западната конференција со 22 бода, седум помалку од лидерот Филаделфија Јунион. Токму во следното коло тимот од Флорида гостува во Филаделфија.