Артета посочи две причини поради кои Арсенал не ја освоил Премиер лигата

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за причините поради кои неговиот тим не успеа да ја освои титулата во Премиер лигата оваа сезона, иако имаше големи амбиции пред стартот на истата. Според него, постојат две причина за неуспехот, а тоа се повредите и црвените картони.

Артета смета дека прашањето за титулата немало да се реши толку рано во сезоната доколку не се соочеле со проблеми.

„Црвените картони и повредите беа клучниот фактор. Доколку не се случеа, ќе бевме многу поблиску до титулата. За мене, одговорот е без двоумење - да,“ изјави Артета, анализирајќи ја завршницата на сезоната.

Арсенал на две кола пред крајот има 68 бодови на втората позиција, додека Ливерпул стана шампион и има 83 поени.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Arsenal