Ќе биде жешко во Штип, Брегалница и Башкими водат клучна битка!

Денеска на програмата е последното коло од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), сите погледи ќе бидат свртени кон Штип каде ќе играат Брегалница и Башкими.

Македонија Ѓорче Петров си обезбеди враќање во ПМФЛ, денеска се домаќини на Беласица и со победа ќе се обидат да го задржат првото место на табелата.

Арсими е на праг да испише историја, тие се на второто место, а таму може да останат со победа или реми, може и со пораз, но под услов Башкими да не триумфира во Штип.

Башкими во моментов е на третата позиција која носи бараж за влез во Првата лига, два бода помалку има Брегалница која денеска е домаќин на кумановскиот тим.

Брегалница за да дојде до третото место мора да победи, на Башкими му е доволно и реми за да се задржи таму каде што е. А со победа и евентуален пораз на Арсими може да дојде дури и до второто место.

На дното се е познато, Вардарски и Борец се селат во ранг подолу, а Осогово ќе игра бараж за останување во Втората лига.

30. коло:

Брегалница - Башкими
Македонија ЃП - Беласица
Вардар Неготино - Арсими
Борец - Охрид
Детонит - Победа
Скопје - Сака
Кожуф - Новаци
Осогово - Вардарски

Сите натпревари почнуваат од 17 часот.

Табела: Македонија ЃП 64, Арсими 62, Башкими 60, Брегалница 58, Детонит 43, Саса 42, Орхид 42, Беласица 40, Кожуф 36, Скопје 36, Новаци 35, Вардар Неготино 33, Победа 32, Осогово 26, Борец 14, Вардарски 11.