Ужасна статистика: Халанд е невидлив секогаш кога Манчестер Сити игра за трофеј!

Без разлика што важи за еден од најплатените и најубиствените напаѓачи во светскиот фудбал, Ерлинг Холанд се соочува со статистика која го става под прашање неговиот придонес на натпреварите кои се најважни.

Напаѓачот на Манчестер Сити досега има настапено на седум финални натпревари за клубот – и на ниту еден не успеал да постигне гол или да асистира. Од пристигнувањето во Англија од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра, Халанд бележи импресивен учинок – 120 голови на 140 натпревари, од кои 84 во Премиер лигата. Но стерилноста во финалните мечеви оставаат дамка во неговиот учинок.

Сити во саботата загуби од Кристал Палас (0-1) во финалето на ФА Купот, а Холанд повторно остана без конкретен учинок. Тоа беше негово седмо финале во синиот дрес, од кои шест од нив ги одигра комплетно, а само против Арсенал во „Комјунити Шилд“ во 2023 година влезе како замена. Во нив, тимот предводен од Пеп Гвардиола славеше трипати, а четири пати беше поразен.

ФОТО: EPA PHOTO