
Ивановски ќе се бори против Хрват на стартот на челинџерот во Скопје
Турнирот во главниот град ќе почне в понеделник, а натпреварот на Ивановски против Пољичак е закажан од 11 часот. Со триумф во мечот против Хрватот, македонскиот тенисер ќе се избори за дуел против подобриот од мечот меѓу Џенаро Алберто Оливеири или квалификант.
Прв носител на натпреварувањето е Хуго Делиен од Боливија, а турнирот се игра за награден фонд од 100.000 долари.