Пол позиција за Пјастри во возбудливите квалификации на Имола!

Оскар Пјастри беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Емилија-Ромања на легендарната патека Имола.

Австралискиот возач го извозе најдобриот круг со време од 1:14,670 и утре ќе стартува од првата позиција, до него трката ќе ја почне актуелниот шампион Макс Ферстапен.

Возачите на Ферари имаа катастрофални кавалификации, Леклер ќе стартува како 11, а Хамилтон позиција подолу од него.

Во топ десет се Расел, Норис, Алонсо, Саинц, Албон, Строл, Хаџар и Гасли.

Квалификациите ги одбележаа и два страшни судири кои ги имаа Јуки Цунода и Франко Колапинто.