
Се затвора сезоната во ПМФЛ: Брера и Беса во борба да го избегнат последното опасно место
Сезоната се затвора со последните четири натпревари, ова коло службени бодови запишаа Вардар кој требаше да игра со Гостивар и Шкупи кој требаше да ѝ гостува на Воска.
Денеска бодовите им се важни само на Брера и Беса, двете екипи се борат да го избегнат местото кое води во бараж за опстанок во лигата.
Брера е во пол позиција бидејќи има бод повеќе од Беса и сама си ја крои судбината. Струмичани го пречекуваат Работнички и со триумф сигурно опстануваат.
Беса пак му гостува на Пелистер, за да го избегнат баражот тие мора да ги освојат трите бода во Битола, но и да чекаат поволни вести од Струмица.
Во Тетово шампионот Шкендија пред своите навивачи со меч против Силекс ќе ја слави шампионската титула.
Се игра меч и во Кавадарци каде Тиквеш ќе ја пречека Струга.
33. коло ПМФЛ:
Брера - Работнички
Пелистер - Беса
Шкендија - Силекс
Тиквеш - Струга
Вардар - Гостивар 3-0 (службено)
Воска - Шкупи 0-3 (службено)
Сите натпревари почнуваат од 17 часот.