Евертон доби име на новиот стадион - идеално е за сеир од ривалите!

Новиот модерен стадио нна Евертон денеска и официјално доби ново име и ќе се вика „Хил Дикинсон“, а фановите не се баш најсреќни со ваквата одлука.

Името на стадионот доаѓа од позната адвокатска фирма специјализирана за комерцијално право, „Хил Дикинсон“, која има 11 канцеларии низ Велика Британија, Европа и Азија. Станува збор за компанија со седиште токму во Ливерпул, со што, како што истакнуваат од клубот, се поврзуваат две важни институции од овој град.

Евертон објави дека „Хил Дикинсон“ станува официјален партнер за права на именување на новиот стадион, а договорот, според клубот, е еден од највредните во историјата на европскиот фудбал. Од таму додаваат дека соработката со оваа компанија има корени уште од основањето на клубот во 1878 година.

Но, и покрај големината и финансиската тежина на договорот, навивачите се прилично разочарани од изборот на името. Според многумина, зборот "Dickinson" поради преводот од англиски јазик е идеален за сеир од страна на најголемите ривали чии фанови веќе и коментираат на социјалните мрежи. 

Фото: Everton FC