Митровски е кандидат за најдобар фудбалер во Хрватска! (ФОТО)

Македонскиот фудбалер кој настапува за Вараждин, Димитар Митровски е еден од петте фудбалери кои се номинирани за најдобар играч во хрватското првенство.

Митровски има фантастична сезона во дресот на Вараждин, а признание за тоа е кандидатурата за најдобар играч на сезоната.

Покрај нашиот Митровски, за признанието се борат Марко Ливаја од Хајдук, Тони Фрук од Риека, Славен Гргиќ од Славен Белупо и Роберт Мудражија од Локомотива.

„Специјалистот за прекини имаше одлична сезона зад себе во која покажа конзистентност. Постигна седум голови, имаше и една асистенција, директно придонесе за 12 бодови на нговиот тим. Димитар редовно беше повикуван од репрезентација на Македонија, а во првенството е лидер по клучни додавања и создадени шанси. Вараждин во моментов е на четвртото место, има шанси да игра во Европа, што би го ставило Митровски уште повеќе во центарот на вниманието“, велат од Хрватската лига за номинацијата за Димитар Митровски.