
Колапс на Милан: Болоња е сензационален освојувач на Купот на Италија (ВИДЕО)
Во вечерашното финале, овој тим го совлада фаворизираниот Милан со 1-0 и ги воодушеви своите навивачи. Со оглед на неодамнешниот меѓусебен дуел и победата на „росонерите“ со 3-1, малкумина веруваа дека Болоња е способна да триумфира во мечот за пехарот, но се случи токму тоа.
Стрелец на победничкиот гол беше Ндоје во 53. минута. Милан во натамошниот дел од натпреварот се обиде да дојде до израмнување и продолженија, но не успеа да го најде патот до мрежата на Болоња.
Успехот на Болоња дополнително добива на значење ако се знае дека лани, по обезбедениот пласман во Лигата на шампионите, екипата остана без тренерот Тијаго Мота и најдобриот стрелец во тимот Џошуа Зиркзе кој се пресели во Манчестер Јунајтед. Од друга страна, Сержо Консеисао не успеа да стане прв тренер на Милан по пауза од 17 години со два освоени трофеи во една сезона.