Алкараз го надигра Дрејпер и се пласира во полуфинале во Рим

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во полуфинале на мастерсот во Рим, откако славеше со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4 против Џек Дрејпер.

Победата на Алкараз беше важна поради тоа што од понеделник повторно ќе биде втор тенисер на АТП-листата затоа што ќе го надмине Александер Зверев и со тоа ќе има „полесна“ ждребка за Ролан Гарос.

Шпанецот се мачеше на теренот против Дрејпер, но за негова среќа британскиот тенисер не ги искористи своите шанси, па мораше да се збогува од турнирот.

Фото: EPA PHOTO