
На Французите им здодеа доминацијата на ПСЖ: Ќе играат во нов систем?
Според информациите на најпознатите француски весник во Франција размислуваат за воведување на фајнл-фор со кој би се одлучувал шампионот. Во битката на најдобрите четири екипи во полуфиналињата, првиот би се сретнал со четвртиот, а меѓу себе би играле вториот и третиот.
Причина за ваквите размислувања е доминацијата на ПСЖ кој практично е недопирлив за останатите тимови, па со воведување на еден ваков систем неизвесноста би била присутна до самиот крај.
Исто така се истакнува и дека овој систем во Франција веќе се користи во првенството кај дамите.
Фото: PSG/FB