
Анчелоти ќе биде најплатен селектор во историјата на Бразил, бонусот за титула на СП е огромен
Очигледно пресудил финансискиот момент бидејќи Италијанецот, освен што ќе биде прв странец, ќе стане најплатен селектор во историјата на „кариоките“ со годишни приходи од 10 милиони евра. Освен тоа, за евентуална титула на претстојното Светско првенство, бонусот за него ќе изнесува пет милиони евра.
Договорот е потпишан на 14 месеци, односно до крајот на Светското првенство што значи дека Анчелоти ќе заработи вкупно околу 12 милиони евра. Ако нема успех, Италијанецот ќе може да се пресели во Саудиска Арабија од каде веќе две години има понуди.