
Анчелоти го бара Кака за свој прв помошник на клупата на Бразил
Станува збор за поранешниот фудбалер на Реал и легенда на бразилскиот фудбал Кака кој нема тренерско искуство, но добро ги познава играчите и може да му биде од голема помош. Анчелоти му беше тренер на Кака и во Милан и во Реал, заедно имаат 270 натпревари и уживаат голема доверба еден кон друг.
Останува Кака да одлучи дали сака да му биде асистент на својот поранешен ментор, а ако прифати, своето деби на новата позиција ќе го има на 5 јуни кога бразил се среќава со Еквадор во квалификациите за Светското првенство.