Миовски од клупата ја проследи победата на Жирона над Ваљадолид (ВИДЕО)

Жирона освои исклучително важни три бода од гостувањето кај Ваљадолид каде победи со 1-0, Бојан Миовски не доби шанса на овој натпревар.

Иако Ваљадолид е одамна испаднат, виолетовиот клуб им пружи силен отпор на играчите на Жирона кои едвај дојдоа до триумф.

Единствениот гол го постигна Стуани на 10 минути пред крајот на натпреварот.

Нашиот Бојан Миовски не доби минути на овој меч, остана на клупата за резерви.