Сампдорија на „нашиот“ Секулов испадна во Серија Ц!

Некогашниот шампион на Италија и европски вицепрвак Сампдорија доживеа историски дебакл откако вечерва официјално испадна во третата лига.

Во своето 78-годишно постоење, клубот од Џенова помина 13 сезони во второлигашка конкуренција, но никогаш порано не настапувал во Серија Ц. Не помогнаа ниту легендите како Роберто Манчини кој се врати како советник и Атилио Ломбардо како помошен тренер. Оваа сезона во Сампдорија играше и поранешниот македонски талент Никола Секулов кој е позајмен од Јувентус. Секулов пред неколку години зеде италијанско државјанство и сега настапува како домашен фудбалер, па дури играше и за младинските селекции на Италија.

Вечерва се одигра последното коло од Серија Ц, на Сампдорија ѝ требаше победа на гости кај Јуве Стабија, но одигра само нерешено (0-0), додека Бреша ја победи Реџана и се спаси од испаѓање. Евентуален триумф ќе ја однесеше Сампдорија во бараж за опстанок, но вака заврши на 18. место и директно се сели во понизок ранг.

Заедно со Сампдорија испаѓаат иште Читадела и Козенца, екипите на Фрозиноне и Салернитана ќе играат бараж, а во Серија А одат Сасуоло и Пиза додека шест екипи ќе се обидат да им се придружат преку плејоф.

 

Standings provided by Sofascore