Голден Стејт и Бостон пред елиминација - треба да спасат три меч топки (ВИДЕО)

Екипите кои во последната деценија освоија вкупно пет шампионски, титули, Голден Стејт и Бостон се во тотално незавидна ситуација по четири натпревари од конференциското полуфинале.

Тимот на Минесота максимално го користи неиграњето на Стеф Кари и со вториот брејк против Голден Стејт (117-110) дојде до водство од 3-1, па на следниот меч на домашен терен може да го потврди пласманот во финалето на Западот. Одлучи третата четвртина која Минесота ја доби со 39-17, па Вориорс не успеаја да го свртат резултатот во последните 12 минути.

Џулиус Рендл и Ентони Едвардс беа незапирливи, постигнаа 31, односно 30 поени, додека далеку зад нив остана најдобриот кај Голден Стејт, Куминга со 22 поена. Мали се изгледите Кари да заигра и на петтиот меч бидејќи прогнозите се дека би се вратил во тимот во шестиот дуел.

Актуелниот шампион Бостон загуби на гости кај Њујорк со 113-121 и Никс сега имаат предност од 3-1, а дополнителен проблем е повредата на Џејсон Тејтум на минута пред крајот на мечот. Од четирите натпревари во оваа серија, овој беше прв на кој славеше домашниот тим.

Почетокот на натпреварот воопшто не навестуваше вакво сценарио, Бостон отвор одлично, во првата четвртина погоди девет тројки и постигна 39 поени со предност од 11 разлика која ја сочува до полувремето. Сето тоа отиде во неврат во третата четвртина која домаќините ја добија со 37-23, а во последните 12 минути го комплетираа пресвртот, трет пат во серијата со Бостон. До повредата, Тејтум постигна 42 поена и беше најефикасен на мечот, но Брансон со 39 поени и 12 асистенции и Таунс со 12 поена и 11 скока, сепак го однесоа Њујорк до триумфот.