Синот на Роналдо дебитираше за Португалија

Репрезентативната кариера на Кристијано јуниор на само 14-годишна возраст почна денеска во Хрватска, откако дебитираше за репрезентацијата до 15 години на Португалија.

Младите Португалци триумфираа со 4-1 против Јапонија, а синот на Кристијано Роналдо влезе во игра во 51. минута од натпреварот, додека од трибините го следеше неговата баба Марија Долорес дос Сантош.

Турнирот „Влатко Марковиќ“ традиционално ги собира најталентираните фудбалери во светот.

Фото: EPA PHOTO