Хачанов го намачи Алкараз: Шпанецот по голема борба обезбеди четвртфинале во Рим

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше против Карен Хачанов со 2-1 во сетови, односно 6-3, 3-6 и 7-5 со што обезбеди четвртфинале на мастерсот во Рим.

Хачанов го почна мечот со брејк на сервисот на Алкараз и потоа водеше со 3-1, но Шпанецот се разбуди и со два врзани брејка стигна до 6-3 во првиот сет.

Идентична ситуација беше забележана во вториот сет, но овој пат во корист на Хачанов, кој славеше со 6-3 и израмни на 1-1 во сетови.

Третиот сет понуди голема борба, а Алкараз направи брејк во четвртиот гем (3-1), по што Хачанов возврати во седмиот и потоа израмни на 4-4. Во продолжение беше забележана голема борба, а Шпанецот успеа да слави со 7-5.

Алкараз во четвртфинале на турнирот во Рим ќе се соочи против Џек Дрејпер, кој претходно го елиминира Муте со 2-1 во сетови.

Фото: EPA PHOTO