Новата КФМ избра потпретседател и генерален секретар!

Денеска беше одржана првата седница на Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија на чело со новиот претседател, Томе Главчев.

На денешната конститутивна седница прифатен беше предлогот како членови на Управниот Одбор на КФСМ да бидат именувани Александер Павлов, Никола Митревски, Норик Селими, Савица Неделковска, Драган Иванов и Тане Димовски, додека како членови по автоматизам беа прифатени: Боро Смилковски, претставник од Прва лига-мажи, Јордан Цветановски, претставник од Прва лига-жени, Благоја Кечовски, претставник од Втора лига-мажи, Владимир Свртинов, претставник од Трета лига-мажи, Владимир Огњановски, претставник од младински лиги, и Александар Јончевски, како претставник од Здружението на кошаркарски тренери на Македонија.  

На предлог на претседателот Главчев, новиот Управен одбор за нов потпретседател го изгласа Младен Ѓуровски, а за нов генерален секретар Томче Стојчевски.