Нема веќе луксузи: Ако ја освои Лига Европа, Јунајтед ќе слави со скара и пикник!

Англиските гиганти Манчестер јунајтед и Тотнем ќе се борат за титулата во Лига Европа, а екипите веќе прават и планови за нивните прослави во случај да го освојат пехарот.

Додека Тотнем се подготвува за парада доколку стигне до трофеј по пауза од 17 години, Јунајтед ќе штеди и нема да троши пари за луксузни ресторани и паради.

Англиските медиуми пишуваат дека „ѓаволите“ планираат скромна прослава при евентуална победа во финалето во Лига Европа, односно фудбалерите и стручниот штаб ќе прослават со скара и пикник во тренинг-центарот на гигантот.

Финалето во Лига Европа е закажано за 21 мај, среда, од 21 часот на стадионот „Сан Мамес“.

Фото: Facebook/Manchester United