
Нов скандал ја тресе Шпанија: Судиите во ВАР собата по голот на Фермин велат - фала му на бога! (ВИДЕО)
Свој придонес за она што се случуваше на теренот имаат сите судии, од оние на теренот, до тие во ВАР собата. Шпанија од синоќа ја тресе скандал откако во јавноста излезе снимката на реакцијата на арбитрите по голот што во судиското продолжение го постигна Фермин Лопез.
Во текот на акцијата, Валверде ја шутна топката во раката на Фермин, играчот на Барса го продолжи нападот и потоа постигна гол кој беше бурно прославен, но главниот судија Ернандез Ернандез доби сугестија од ВАР собата дека тој треба да биде поништен. При анализата на ситуацијата, се слуша како еден од судиите вели „Фала му на бога“ (menos mal) затоа што има причина да го поништи голот.
Претходно, слична ситуација имаше и во шеснаесетникот на Реал каде Чуамени „бранеше“ на пет метри и со рака не му дозволи на Феран Торес да ја затресе мрежата, но судијата тогаш не покажа на белата точка за Барселона. „Каталонците“ имаа најмалку уште три ситуации каде беа оштетени од судијата, но и покрај тоа победија и во четвртото Ел Класико оваа сезона.