
Невиден очај: Денвер и Оклахома ја одиграа најлошата плејоф четвртина во историјата
Во воведните 12 минути, двете екипи постигнаа вкупно 25 поени (8-17) и со тоа го израмнија антирекордот по број на поени во една четвртина кој до вечерва го држеа Јута и Портланд од 1999 година. Особено беше очаен Денвер кој за малку не го израмни негативниот рекорд од седум поени на една екипа во четвртина, поставен од Бостон во 2018 година.
Нагетс шутираа 2/21 од игра, вклучувајќи 0/14 за тројка, но не се истакна премногу ни Оклахома која имаше 1/11 за тројка.