
Вардар го доби дербито со Работнички, бод за Тиквеш на Чаир вреден опстанок!
Мечот меѓу Работнички и Вардар се играше на ФФМ, овојпат дербито меѓу двата соседа немаше никакво резултатско значење, па и не побуди голем интерес.
Еден гол го реши натпреварот, Закариќ во вториот дел погоди од пенал за победа на црвено-црните од 1-0.
Тиквеш освои бод злато вреден во Чаир против Шкупи. Миловановиќ во првиот дел даде гол за водство на кавадаречкиот тим, а Имери некоја минута подоцна израмни на 1-1.
Со овој освоен бод Тиквеш може да биде мирен во последното коло бидејќи ја оствари целта, го избегна баражот за опстанок.
1-1 заврши и натпреварот меѓу Струга и Брера. Струмичкиот тим има бод повеќе од Беса и е во подобра позиција за избегнување на позицијата која води во бараж.
Мечот меѓу Силекс и Пелистер заврши без голови.
Резултати 32. коло:
Работнички - Вардар 0-1
Шкупи - Тиквеш 1-1
Силекс - Пелистер 0-0
Струга - Брера 1-1
Беса - Воска (3-0 службено)
Гостивар - Шкендија (0-3 службено)
Табела: Шкендија 70, Силекс 64, Работнички 56, Струга 50, Вардар 42, Пелистер 39, Шкупи 35, Тиквеш 33, Брера 31, Беса 30, Гостивар 21, Воска -5.