
Марчинијак се чуди: Што да кажам за глупавиве коментари од Барселона...
На прес-конференцијата по натпреварот од него се пожали Ханси Флик, но и Педри и Ињиго Мартинез. Марчинијак во текот на денов дал изјава за еден портал од Саудиска Арабија на кој се чудел на изјавите.
„Што да кажам на овие глупави приговори од Барселона? Не оштетив никого, ниту ограбив. Нека ме пријават слободно на УЕФА, подготвен сум на се, третиот гол на Интер е потполно регуларен, тука нема дискусија“, изјавил Марчинијак.
Сепак, членовите на Барселона не се единствени кои приговараа на неговите одлуки. По натпреварот тоа го направија и легенди на светскиот фудбал како Арсен Венгер, Руд Гулит, поранешниот шпански судија Матеу Лахос итн. Низ кариерата, него го бие глас дека е навивач на Реал, па дури на социјалните мрежи кружи една фотографија на која со себе има несесер со логото на мадридскиот клуб.