Јувентус ја одреди цената за Влаховиќ - ќе има заинтересирани!

Екипата на Јувентус ја одредила цената за својот напаѓач Душан Влаховиќ и таа изнесува 40 милиони евра, но Италијанците истакнуваат и дека „старата дама“ е подготвена да преговара.

Наводно целта на гигантот од Торино е со продажбата на Влаховиќ да обезбеди средства за купување на Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед.

Српскиот репрезентативец има договор со Јувентус до крајот на следната сезона и веќе го известил клубот дека не планира да го продолжи. Поради тоа, управата на италијанскиот гигант се обидува да го продаде ова лето, за да не остане без оштета наредата година.

Јувентус веќе започнал преговори со менаџерите на данскиот фудбалер Хојлунд, кој оваа сезона за Манчестер јунајтед одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигна девет голови и запиша четири асистенции. Неговиот договор со англискиот клуб истекува во 2028 година, што значи дека Јувентус ќе мора да плати значителна сума за да го доведе во Торино.

Во планот за реконструкција на напаѓачката линија, освен заминувањето на Влаховиќ, се очекува да си замине и Бразилецот Даглас Луис, кој не се снајде најдобро во тимот и неодамна јавно се пожали на малата минутажа која ја добива.

Неизвесна е и иднината на Рандал Коло Муани, бидејќи на крајот на сезоната му истекува позајмицата и можно е да се врати во Пари Сен Жермен.

Јувентус ова лето планира целосна промена во офанзивниот дел од тимот, со надеж дека Хојлунд ќе биде централна фигура наредната сезона.

Фото: Juventus/X