
Егзодус од Леверкузен: Три ѕвезди заминуваат во Баерн Минхен!?
Баерн Минхен планира да ангажира тројца фудбалери на тимот од Леверкузен, а главна мета е 22-годишниот Флоријан Вирц, кој оваа сезона постигна 10 голови и исто толку асистенции.
Во Минхен би можел да заврши и искусниот 29-годишен германски дефанзивец Џонатан Тах, кој има договор со Леверкузен до крај на сезоната.
„Билд“ пишува дека Баерн планира да го купи и 29-годишниот Патрик Шик, кој оваа сезона постигна 19 голови.
Освен фудбалерите, се очекува да замине и тренерот Чаби Алонсо кој веќе некое време се поврзува со преселба на кормилото на Реал Мадрид.
Фото: Facebook/ Bayer 04 Leverkusen