
Јокиќ со партија за паметење му донесе „брејк“ на Денвер, Њујорк го шокира првакот (ВИДЕО)
Српскиот центар испорача неверојатен учинок од 42 поена, 22 скока и шест асистенции, поставувајќи го темелот на гостинската победа и првиот пораз на „громовите“ во овогодишниот плејоф. Оклахома ја имаше контрола тана натпреварот со највисока предност од 14 поени и плус 9 на само три минути до крај, Јокиќ го презеде кормилото и со серија потези го врати својот тим во игра. Во клучните моменти, по двата промашени слободни фрлања на Чет Холмгрен при резултат 119-118, Нагетс тргнаа во брз напад, а Арон Гордон погоди тројка на само три секунди до крајот за целосен пресврт и водство од 1-0 во серијата.
Шеј Гилџес-Александер се истакна кај домаќините со 33 поени, 10 скока и 8 асистенции, но неговата партија остана во сенка на маестралниот Јокиќ кој уште еднаш потврди зошто е меѓу водечките кандидати за МВП признанието.
Во полуфиналето на Истокот, кошаркарите на Њујорк никс додјоа до изненадувачка победа над актуелниот шампион Бостон Селтикс (108-105) по едно продолжение. Џејлен Брансон и Ануноби постигнаа по 29 поени, додека кај Селтикс најдобри беа Џејлен Браун и Џејсон Тејтум со по 23 поени.
ФОТО: EPA PHOTO